ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 4 чаши шеќер
* ½ чаша какао во прав
* ¼ чаша млеко
* ½ чаша путер
* 2 лажичиња екстракт од ванила
* рака пржени, сецкани лешници
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Земете сад со пречник 10×10см и намачкајте го со малку путер или масло или ставете на него хартија за печење.
Измешајте го шеќерот и какаото и ставете ги во сад кој може да се стави во микровална печка.
Мешавината полиете ја со млеко и на крајот додадете го путерот во коцка.
Ништо не мешајте, само ставете да се загрее околу 2 минути, додека путерот на се стопи.
Извадете го садот од микровалната печка, додадете го екстрактот од ванила и со миксер добро измиксајте на најголема брзина додека не добиете еднолична кремаста смеса.
Во смесата додадете ги лешниците и се заедно измешајте.
Смесата рамномерно додадете ја во подготвениот предходно подмачкан сад, па ставете ја во замрзнувач на 10 минути.
Потоа , завртете го садот на рамна површина а добиената чоколадна плочка исечете ја на коцки.
