Сите ние знаеме дека состојките кои ги има во дезодорансите и другите препарати за таа намена содржат голема количина на штетни состојки кои на крајот може и да доведат до комплицирање на нашето здравје. Но, високите температури едноставно ни наложуваат да ги користиме.
Обидете се самите да си направите дезодоранс кој нема да ви наштети.
Потрбно ви е:
– 250 мл водка
– 50 гр суви цветови од лаванда
– 50 гр свежи листови од цветот на роза
– 10 капки етерично масло од лаванда
– 10 капки етерично масло од роза
Водката сипете ја преку цветовите, а потоа ставете ги етеричните масла. Оставете нека отстои 3 недели, а потоа исцедете ја течноста и ставете ја во стаклено шише со распрскувач.
Наместо лаванда може да користите и тенки парчиња од кора од лимон или портокал, во тој случај заменете го и маслото од лаванда со масло од агрум.
