Дестинации

Ова е најдепресивното место во светот!

Селото Blaenau Gwent во средиштето на Јужен Велс, службено е најдепресивното место во Велика Британија, а веројатно и во светот.

Секој шести жител зема антидепресиви, а секој месец се испишуваат по 10 000 рецепти за 16 видови антидепресиви. Ако се земе предвид дека округот има околу 60 000 жители, не е ни чудо што ова место има ваква „титула“.

Секој ден во седмицата, најмалку 20 луѓе, главно жени помеѓу 20 и 60 години, доаѓаат на советување кај психијатар или се вклучуваат во групни терапии.

Со целиот регион владее чувството на безнадежност, а лекови земаат дури и младите во нивните 20ти. Најголемиот проблем е невработеноста, зошто четвртина од населението што е работоспособно прима социјална помош. Поради овој проблем, лекарите антидепресивите ги делат како бонбони.

Дополнителни проблеми во регионот се и дрогата и алкохолот. Високо е застапена “Meow Meow” која предизвикува грчеви, крварење од нос и психоза.

Животот во ова место е немилосрден. Сè почесто се гледаат деца помлади и од седум години како седат во парковите со пиво во рака, каде по цели ноќи пијат.

najdepresivno

najdepresivno1

najdepresivno3

Write A Comment