Мојата кујна

МЕКО КАКО ДУША: Направете вкусно, домашно пециво за 10 минути!

Тестото за ова пециво кое е готово за десет минути испаѓа меко, не се лепи за рацете, добро се меси и што е најважно, не се распаѓа.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 4 чаши од 2дл брашно

* 2 лажици шеќер

* пола лажица сол

* 2 лажици масло

* 500мл млеко

* едно пактече сув квасец, 11грама

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За почеток, потребно е сите состојки да ги споите во хомогена смеса. Така подготвената смеса се става во кеса и се става во фрижидер на два часа. Потоа, тестото се вади од фрижидер и лесно се тркала во брашно. Од него можете да направите пирошки, лепичиња или кифлички. Можете да ги пржите во тава во врело масло, но исто така можете и да ги печете во рерна во добро подмачкан плех за печење, на средна температура додека не поцрвенат.

Write A Comment