Мојата кујна

Грчки ќебапи

ПОТРБНИ СОСТОЈКИ:

* една бајата кифла

* 500гр мелено месо

* кромид

* чешне лук

* гранче мајчина душица

* 100гр фета сирење

* 1 јајце

* 1 лажиче мелен ким

* сол, бибер

* 2 лажичиња маслиново масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Натопете ја кифлата во вода. Исецкајте го кромидот и лукот. Исецкајте ја мачината душица. Фетата исечете ја на осум стапчиња.

Исцедете ја кифлата и измешајте ја со меленото месо, јајцето, лукот, зачините и мајчината душица. Сатавете сол и бибер.

Поделете го место на осум топчиња, сплескајте ги и не секое ставете парче сирење. Завиткајте го сирењето во месото така да добиете голем ќебап. Премачкајте со масло и печете на скара, во алуминиумски сад, околу седум минути.

 

Write A Comment