Според новите меѓународни податоци 78% од жените кои станале мајки, драстично го менуваат стилот на облекување.
Така на пример 40 проценти од мајките почнуваат да одат на чевли со пониски потпетици, а 18 проценти ја скратуваат косата поради практичноста на овој тип фризури.
Во анкетата учествувале 2000 жени, од кои 42% откриваат дека немаат доволно време за да сае грижат за својот изглед, поради фактот дека постојано се зафатени со грижата за своите деца.
Најчесто мајките на мали деца се откажуваат од носењето на високи потпетици, шроцеви или длабоки декотеа, како и облека со животински принтови.
Анкетата покажува уште дека мајките почнуваат да се облекуваат сексапилно дури кога нивните деца ќе наполнат 3 години.
