ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500гр кори за пита
* 300гр сирење
* 250мл вода
* 125мл масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте го маслото и водата. Сирењето иситнете го. Ставете две кори во претходно подмачкан плех, така што краевите да ја преминуваат ивицата на плехот. Попрскајте ги корите со мешавина од масло и вода, ставете уште две кори и исто така попрскајте ги. Ставете ја третата кора и врз неа ставете малку сирење. Со корите кои ја преминале ивицата на плехот завиткајте бурек. Полиете го бурекот со остатокот од маслото и водата. Печете на 180 степени околу еден час.
