Motherhood

Кога е безбедно да го оставите детето само дома?

Кога е вистинското време детето понекогаш да остане само дома без да преживува стравови и на кој начин да го подготвиме за тоа?

Иако на оваа тема е неблагодарно да се одреди конкретна возраст на детето, имајќи предвид дека секое дете созрева со свое темпо, некоја граница за секое дете е шест години. Пред таа возраст, избегнувајте да го оставате детето без надзор на возрасна личност. Не станува збор само за безбедноста на детето и за тоа што би можело поради љубопитност да направи во домот, туку и за детската психолошка сигурност.

Дали вашето дете е доволно зрело да остане само дома ќе знаете ако се запрашате следното:

Дали вашето дете е чувствително, одговорно и дали влева доверба?

Колку е сигурно вашето соседство?

Дали вашето дете е нервозно, или се плаши да остане само дома?

Дали чувствувате непријатност ако го оставите детето само?

Дали вашето дете главно донесува исправни одлуки, дали ги следи упатствата и дали е одговорно во дневните задачи?

Дали знае да користи шпорет и други апарати?

Дали знае колку е опасно да им отвора врата на непознати луѓе?

Дали детето е доволно слободно да ви се јави и да ви каже дека има проблем, или дека направило некоја грешка?

Дали можете да се потпрете на пријателите или соседите дека ќе му помогнат на вашето дете?

 Подготовка на детето

И вие и вашето дете ќе се чувствувате подобро доколку постепено го извежбате сценариото на вашето заминување и неговото останување дома. Најдобро е вашите заминувања во почетокот да бидат куси, се на се неколку минути и постепено да се зголемуваат, откако ќе согледате дека детето добро се снаоѓа. Секако ќе бидат потребни некои правила кон кои задолжително ќе морате да се придржувате, а за секој случај обезбедете му мобилен на кој може да ве добие или некој сосед од доверба, на кој можете да се му се обратите за помош. На почетокот секогаш прашајте го детето дали е во ред да остане накратко само или дали повеќе би сакало да дојде со вас.

Секогаш јавете му се на детето пред излегувањето, без оглед на тоа колку е внесено во својата игра. Оставете му го бројот на телефонот јасно запишан на видливо место.

Повремени проверки

Редовно јавувајте му се на детето за да проверите дали се е во ред и да го прашате како се чувствува. Може детето откако ќе изгледа некој долгометражен цртан филм да се почувствува осамено или непријатно, така што вашиот повик ќе му биде важен. Предупредете го дека може да ви се јави кога ќе посака и така најдобро ќе знаете дали е подготвено за самостојно останување во домот или не е.

Ова ќе биде само почеток во вежбање на самостојноста на детето, затоа постепено градете ја таа сигурност во него, но бидете и внимателни со се што правите.

 

 

Write A Comment