Доколку имате baby – плави очи и тражите совите како да ги истакнете на најдобар начин, Вие сте на вистинското место!!!
Сината боја е толку смирувачка и интензивна што нема потреба од било каков вид на дополнително истакнување. Нанесувањето малку сенка со светла боја под веѓите е доволен да заблескате. Но внимавајте доколку комбинирате да искомбинирате два приближни нијански на сенка – светлосмеѓа и боја на бакар. Топлите земјени бои и светлите нијанси на розовата боја се одличен избор.

Мат сенките се одлични за часовите поминати на работното место, а за вечерните излегувања употребете малку сјај па и малку светки…но многу малку!!!
Избегнувајте сенки во плави тонови иако не е исклучено дека добро ќе Ви прилегаат на целосниот изглед, но морате да внимавате плавата нијанса да биде различна од бојата на Вашите очи. Доколку Вашите очи се бебешко-плави тогаш употребете темносина сенка.
Сакате да ги истакнете очите со туш… наместо црн одберете туш со темносина боја бидејќи така додатно ќе ги истакнете Вашите очи.


