Луксузниот еко ресорт, Cuximala Luxury Resort е вистинска потврда за она што Мексико може да го понуди – сé што ќе посакате… Истовремено, претставува засолниште од монотонијата, проба да се почне еден нов живот и атракција која вечно ќе остане блиска на Вашата меморија…
Повикот на дивиот свет, егзотиката, ориенталот, колоритната сценографија и блескавиот дизајн се клучните параметри на овој рајски комплекс, кој нема ниту една маана. Секој кој знае да ужива и во опкружувањето и во предностите на кристално чистата вода, а сепак е зависник од естетиката, ќе се согласи дека ова е едно од ретките места кое нуди тотално сé. Софистицираната услуга и деликатесните специјалитети се комплетните финеси кои ја разубавуваат целата сценографија… И го овозможуваат едно од најубавите патувања во животот…
















