Како што најавила на својот Фејсбук профил, дванаесетгодишната Теа во недела на 12 октомври ќе го рече своето судбоносно „Да“ на човекот кој има 37 години.

Дали гледате индиски серии како што е „Малата невеста“? Дури и ако не сте фан на боливудските продукции, би требало да знаете дека основна тема на оваа серија е присилен договорен брак меѓу малите деца.
Вакви работи и до ден денес во 21 век се случуваат секојдневно, но воглавно „негде таму во некои заборавени места. Но што би направиле доколку ваква судбина ја чека некоја ваша мала комшивка?
Замислете да ве сретне во лифт и да ви каже дека за неколку дена ќе се омажи за маж 25 години постар од неа. Дали нешто би превземале?

Дванаесетгодишната Теа е првата „мала невеста“ во Норвешка.
Ова девојче отворила и свој блог и Фејсбук профил во кој почнала да ги изнесува сите детали во врска со подготовките за свадбата, но и се исповедува за тоа како се чувствува, како гледа на својот вереник, што очекува од бракот и првата брачна ноќ.
Или барем таа сакала да вие во целата оваа приказна да поверувате, да се тргнете и добро да размислите за тоа што се се случува на овој свет на недолжните деца.
Верувале или не, такво нешто може да се случи и во најцивилизираните друштва па дури и на некое девојче кое го знаете!
Секој ден во присилен брак завршуваат 39,000 девојчиња на планетава.
