Секоја култура има сопствена традиција за свадбените церемонии. Ви ги претставуваме традиционалните обичаи поврзани со јапонските свадби, каде младоженецот и невестата за време на свадените церемонии се облечени во традиционални кимона.
Веридба: Јапонската церемонија за веридба се вика јуино и претставува симболична размена на подароци помеѓу семејството на младоженецот и семејството на невестата. Пример за подарок на јуино е конбу, вид на морска трева чие име може да се испише со значење „плодна жена“, потоа долг бел коноп кој симболизира желба младоженецот и невестата да остарат заедно, како и лепеза, која е симбол на богатство и углед. Главниот подарок на оваа церемонија се пари, обично во сума од 5000 долари, кои се ставаат во посебно плико кое се нарекува шуги-буруко и кое е направено од златни и сребрени нишки кои е невозможно да се отплетат.

Церемонија на споделување саке: Оваа церемонија се нарекува сан-сан-кудо, што во превод значи „тројца да испорачаат девет“. Оваа церемонија потекнува од времето кога пиењето саке означувало пријателство и успешно склучен договор. На церемонијата невестата и младоженецот пијат по една голтка од три чаши саке. И нивните родители ја повторуваат постапката, што значи вкупно девет пати се пие саке.
Почитување на родителите: јапонците се познати по огромната почит која децата ја имаат кон родителите, па често на нивните венчавки се одвојува време за да се изрази благодарност до родителите и на невестата и на младоженецот.

Говори и благослови: Говорите и благословите се значаен дел од јапонските свадби. Целото семејство и пријателите сакаат да кажат по некој добар збор или благослов. Традиционално, се кажуваат приказни кои имаат морална порака за важноста на бракот, но во модерно време тоа е искажување на љубов и поддршка.
Подароци за гостите: Во јапонија невестата купува подароци за гостите. Најчесто тоа се мали подароци, како на пример ќесичка бадеми или пак традиционални јапонски оригами.
