Близнаците обожаваат градови кои никогаш не спијат, Шкорпиите сакаат да откриваат егзотични дестинации, на Стрелците им одговара спој на модерното и традиционалното…
Овен

Вашиот немирен дух ве влече кон градови со богат ноќен живот, како што е Буенос Аирес. Но, ви одговараат и градови во кои се одржуваат големи спортски манифестации, фудбалски натпревари, автомобилски трки, тениски турнири, Париз, Лондон, Њујорк, Мелбурн.
Бик

Иако сте голем љубител на природата и селото, ве привлекува и Ориентот, Истанбул, Каиро, Александрија. Поради добрата храна и добрата забава, ве воодушевуваат и Барселона и Лос Анџелес.
Близнаци

Обожавате градови кои никогаш не спијат, Њујорк, Копенхаген, Милано, Стокхолм, но и приморски места во кои никогаш не може да ви биде досадно, како Херцег Нови, Ница, Венеција.
Рак

Сакате да престојувате покрај некоја вода, море, езеро или река. Затоа вашиот вистински избор се Цирих и Женева, но и космополитскиот Сиднеј.
Лав

Ве привлекуваат градови домаќини на големи спортски првенства, но и фестивали на пиво. Како љубители на раскошот и гламурот, ви одговараат места со добра забава, како Монте Карло, Париз, Ница, Барселона, Лас Вегас и Њујорк.
Девица

Добро се чувствувате во Краков, древната Атина, раскошниот Париз и преубавата Будимпешта, каде во некој ресторан во центарот на градот прелистувате весници, пиете кафе и уживате во десертите.
Вага

Најмногу ви одговараат градови на море во кои се одржуваат големи уметнички манифестации, музички и филмски фестивали, модни ревии, изложби – Рим, Венеција, Милано, Ница, Кан, како и Пекинг.
Шкорпија

Секогаш сте подготвени да запознаете некоја нова култура или егзотична дестинација. Ви одговараат шпанските и италијанските градови, посебно Сицилија, но ве привлекуваат и Чикаго, Њујорк и Рио де Жанеиро.
Стрелец

Ниедно место не ви одговара во потполност, бидејќи сакате промени. Ви одговара спој на модерното и традиционалното, градови со раскошна архитектура во кои има богати културни и спортски настани, како Мадрид, Рим, Барселона, Палма де Мајорка.
Јарец

Љубител сте на историјата и почитувач на традицијата, па освен вашето родно место ви одговараат и Лондон, Единбург, Кардиф, градови во кои можете да уживате во разгледување на средновековните замоци.
Водолија

На вашиот сензибилитет му одговараат модерни градови во кои се живее брзо, како Амстердам, Њујорк, Париз, Берлин, Санкт Петербург.
Риби

Ви одговара близина до води, најмногу оние големите, океанските. Сакате помали градови, без многу гужви, како Валета на Малта, гратчиња во Сардинија, Малдавите, Азурните брегови, Куба, но и големи градови како Сиднеј.
