Art & Crafts

Лимон диета: Како да го исчистите организмот за еден ден

Детоксикацијата или чистењето на организмот се многу важен процес  кој треба да го правите од време на време. Еве како да го направите тоа за само еден ден со помош на лимон.

Откако ќе станете, пред да конзумирате било што друго, напијте се чаша лимонада.

Појадок: (половина час откако ќе станете): овошна салата.

Ужина: чаша лимонада, една банана и малку сончоглед или семки од тиква.

Ручек: Салата од грав или леќа со прелив од лимон, маслиново масло и оцет.

Ужина: Чаша лимонада, салата од краставици, ротквици и целер или грст сушено овошје.

Вечера: Риба на скара со прелив од лимонов сок и зеленчук врен на пареа.

Еден час пред спиење: Чаша топла лимонада.

Напомена: Лимон диетата користете ја еднаш месечно.

Лимон

Write A Comment