Колку би било убаво да јадеме а да слабееме. Да, и тоа е можно но сепак треба да внимаваме на изборот на храната. Има и храна која го забрзува процесот на слабеење. А тоа е:
Црвени чили пиперки

Овие мали пиперчиња, но многу моќни. Тие го забрзуваат метаболизмот, побрзо ги согоруваат калориите и ги топат мастите.
Кељ
Богат е со витамини и минерали, а сиромашен со калории. Може да го ставите како додаток во некој сос, или едноставно да уживате само во неговиот специфичен вкус.
Бадеми

Полни се со протеини кои даваат чувство на ситост, така што со една рака бадеми ќе внесете многу витамини и минарали а и ќе го заситите чувството на глад.
Оцет
Неодманешните истражувања покажаа дека оцетот има состојка која го забрзува метаболизмот и ги топи мастите. Најдобро е да го користите во салати. Избегнувајте да го пиете разблажен со вода бидејќи тоа ќе го надразни вашиот желудник.
Зелен чај
Содржи посебен анти оксиданс кој забрзано ги топи маснотиите, но и го прочистува телото од токсини.
Боровница

Тоа е супер харана која е богата со антиоксиданси, витамин Ц, железо и влакна, а сите тие состојки заедно помагаат во слабеењето. Даваат слатка замена за шеќер, што ја намалува потребата за внесување на слатки.
Цимет

Циметот исто така го регулира нивото на шеќер во крвта и ги согорува мастите. Користете го често како зачин на овошните салати или појадокот составен од житарки и млеко.
Лосос
Маслата кои ги содржи оваа риба имаат неколку позитивни влијанија за губење на тежината. Заменете го говедското и свинското со лосос секогаш кога ја имате таа прилика.
