Овој преубав комплекс е лоциран на брегот на Црвеното море во Египет…
Доколку трагате за „ фенси стил “, надополнет со карактеристичниот египетски дух, тогаш ова место е вистинското за Вас…Се наоѓа на само 25 минути од аеродромот во Хургада и воодушевува со своите раскошни содржини.
Уникатна архитектура, со детаљи во арапски стил, елегантен ентериер надополнет со луксузни елементи… Ова место е совршено за вистинско доживување на Египет. Спа центарот претставува вистинска оаза на мирот. Во понудата се наоѓаат масажи со различни, светски најдобри техники како: хавајска, тајландска, индонезиска…
После врвниот комфор и уживање, можете да посетите и еден од трите преубави ресторани. Комплексот располага со 102 простории за сместување, од луксузни пространи апартмани, до класични двокреветни соби, исто така луксузно опремени…









