Motherhood

Ако вашето бебе е родено во есен…

Доколку им веруваме на некои истражувања, годишното време во кое е родено вашето бебе во голема мерка влијае на неговото здравје и развој. Еве за што станува збор…

Доколку сонувате за тоа вашето дете еден ден да освои златен медал во некој екипен спорт, знајте дека вашиот сон е многу поблиску до остварување доколку се роди во есенските месеци.

Истражувањата покажуваат дека есенските деца се покрупни и посилни од летните и дека, кога ќе пораснат, многу подобро се снаоѓаат во простор, па со самото тоа се повеќе подвижни и подобро се снаоѓаат со топка и останати спортски реквизити, за разлика од децата родени во претходните месеци.

Освен тоа, поради фактот што се родени во почетокот на училишната година, тие се почесто и позрели од останатите деца, па поради тоа постигнуваат подобри резултати во читање и сметање.

Децата родени во октомври и ноември ќе бидат поиздржливи, но поради честите појави на магла и дожд, почесто заболуваат од респираторни заболувања отколку „летните“ деца.

Како да го поттикнете развојот и растот на есенските деца?

Ако сакате вашето „есенско“ дете да постигне голем успех во спортот, поттикнувајте го на движење од мали нозе: играјте игри во кои детето нема пасивно да седи, како на пример да седи пред компјутер и да гледа во мониторот, туку такви во кои ќе мора да се движи и да ги користи рацете и нозете.

Меѓутоа, бидејќи во спортот освен силата и движењето е потребно и самодоверба, потрудете се да го пофалите за секоја успешно завршена задача и немојте премногу да го прекорувате.

Write A Comment