За да го направите својот дом блескаво чист, често користите скапи детергенти кои можат да бидат и многу опасни. Одличен избелувач за фугите помеѓу плочките во бањата или кујната можете сами да го подготвите дома.
После постапката плочките ќе изгледаат како нови!
За таа цел подгответе ја селедната смеса:
– 7 чаши вода (1,5л)
– ½ чаша сода бикарбона
– 1/3 чаша сок од лимон
– ¼ чаша алкохолен оцет
Во 1,5 вода растворете ја содата. Додадете го сокот од лимон и на крајот полека додадете го оцетот.
Почекајте додека помине хемиската реакција и вашата смеса е готова за употреба.
Со четкичка или со сунгер втривајте од смесата во фугите помеѓу плочките и ќе видите како фугите стануваат бели, а плочките добиваат свеж и обновен изглед.
