Повеќето луѓе избегнуваат да користат јавни тоалети, но со помош на овие совети, поголеми се шансите да не соберете некои од бактериите кои предизвикуваат разни инфекции.
Истражувањето е направено врз основа на примероци од различни делови на различни тоалети.
И покрај популарното верување, кабината која се наоѓа најблиску до вратата на тоалетот е најчиста – веројатно затоа што многумина ја избегнуваат.
Даската на шолјата е најчистиот дел од јавните тоалети, можеби затоа што луѓето ставаат марамчиња и тоалетна хартија на неа пред да седнат или ја чистат прерд да излезат од кабината за да не се посрамотат.
Држачот за тоалетна хартија е место со најмногу бактерии. На него имало 150% повеќе бактерии отколку на даската.
И покрај сето ова, лекарите велат дека не треба да се плашите од јавните тоалети. Вжно е темелно да ги измиете рацете со сапун и топла вода после секоја посета на вакво место.
Лекарите советуваат вратата од тоалетот да ја отварате со хартиена марамица или со лактот за да ги спречите бактериите од рачката да се префрлат на вашите раце, а потоа на лицето и устата.
