Постојат помалку познати места на нашата планата, чија необичност е создадена од самата природа нечепната од човековата рака.
„Вратата на пеколот“ – Туркменистан
Првобитно низ овој кратер извирал отровен природен гас, кој руските научници го запалиле мислејќи дека ќе изгори за неколку недели…но од тогаш до денес прошле цели 40 години а огнот сеуште гори.
Slot Canyons – Америка
Ветерот и водата милиони години го создавале ова ремек дело. Сплет на кањони и големи карпи кои и пркосат на сето совршенство што го има создадено човекот.
Tsingy de bemaraha – Мадагаскар
Шума од варовнички карпи која досега никој не успеал да ја помине пеш.
Коралниот гребен – Белиз
Најголемиот корален гребен на западната хемисфера. Се смета дека 90 проценти од флората и фауната која опстојава на ова место е сеуште неоткриена тајна.
Grand Prismatic Spring – Америка
Трет по големина термален извор во светот. Неговите неверојатни бои се создани од алгите и бактериите кои опстојуваат на ова прекрасно место.
Национален парк Wulingyuan – Кина
Се состои од 3000 огромни камени столбови некои високи и до 200 метри. Во дамни времиња ова место било дно на тропско море. Ова е местото кое му даде огромна инспирација на Стивен Спилберг за мега хитот Аватар.
Пустината Намиб – Намибија
Се смета за најстарата пустина во светот. Дините создадени од битката помеѓу ветрот и песокот често се високи и по 400 метри.
Salar de ujuni – Баловија
Со површина од 4000 квадратни километри ова е најголемото солено тло на светот. До него тешко се доаѓа бидејќи се на надморска височина од 3700 метри во пределот на Андите.
Окото на Сахара – Мауританија
Мистериозна геолошка структура во пустината Сахара, широка 50 километри и позната во светот како „Окото на Сахара“. Се претпоставува дека е кратер создаден од удар на метеор.
Архипелагот Сокотра – Јемен
Екстремно изолирани облици на живот – околу 33 проценти од растенијата кои живеат тука не можат да се најдат на ниедно друго место на планетата.
