1 голема глава кромид
Измелени овесни јатки или овесно брашно
1-2 супени лажици мед
Кромидот има противвоспалително дејство и помага на кожата при подобрување на нејзините метаболистички процеси, овесните јатки исто така помагаат да се отпушат порите, ја омекнуваат и ја потхрануваат кожата.
Исчистете го кромидот и изрендајте го на ситно ренде или во блендер, потоа истискајте го сокот. Сокот измешајте го со мед и овесно брашно додека не добиете течна суспензија, па оставете го малку да отстои.
Маската ставете ја врз лицето и оставете да отстои 15-20 минути, потоа измијте го лицето обилно со вода.
