Дестинации

Њујорк: Најсрдечниот град во светот!

Жителите на Њујорк се познати по тоа што не ги сакаат туристите кои талкаат по улиците на нивниот град, се туркаат во кафулињата и продавниците, бавно се движат…

Меѓутоа, Њујорк неодамна беше прогласен за најсрдечен град во светот. Порталот Cuopon Codes Pro анкетирал 3.724 искусни светски патници за тоа каде во светот тие се чувствуваат најдобредојдени. Дури 11 проценти од испитаниците одговориле дека тоа е во Њујорк.

На второ место се нашол Пекинг, додека Торонто и Амстердам го делат третото место.

13 проценти од испитаниците ги сметаат француските домаќини за најнепријатни, особено кон туристите кои се служат само со англиски јазик.

Во друштво на Париз, кој е прогласен за најнесрдечен град во светот, се најдоа и Лондон, Барселона, Рим и Токио.

Write A Comment