Убавина

Како да го постигнете изгледот на зачадени очи?

ва е можеби најдобрата вечерна шминка доколку сакате да изгледате секси и мистериозно. Но, само со правилна употреба ќе можете да имате драматичен и заводнички поглед, во спротивно ќе изгледате невкусно и валкано.

Како и за секое друго шминкање, најважна е подлогата, т.е. пудрата за лице. Низ целото лице и врз очните капаци убаво нанесете ја пудрата. Не заборавајте го и коректорот. Немојте да мислите дека изгледот зачадени очи се постигнува само со црна боја на сенка. Можете да ги употребите и сината, сивата, зелената, пурпурната и кафената.

Започнете со нанесување на коректор во пределот на очите, а потоа нанесете ја пудрата. На тој начин очите нема да ви изгледаат уморно.

Со моливче за очи исцртајте тенка линија на горниот капак на окото што е можно поблизу до трепките. Истото направете го и на долниот дел на окото.

Земете некоја сјајна нијанса на неутрална боја на сенка за очи и нанесете ја на целиот капак на окото до коската кај веѓите. Потоа, темната сенка нежно натапкајте ја и нанесете ја на горниот капак близу до трепките. Ако сакате можете да нанесете и сенка до трепките на долниот дел на окото, но бидете внимателни при нанесувањето и направете го тоа со потенка четкичка.

Пред да ја нанесете маскарата, можете да ги извиткате трепките. За подраматичен изглед ставете неколку слоеви црна маскара.

На ваков изглед пожелно е да не ставате кармин со интензивни бои. Можете да употребите сјај за усни или кармин со што понеутрална боја.

Write A Comment