Мојата кујна

Рецепт кој ќе ве воодушеви: Бела мусака

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500 гр пилешко филе

* 400 гр свежи печурки

* 30 гр путер

* 1,5 лажица брашно

* 300 мл млеко

* 100 гр кисела павлака

* 150 гр кашкавал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Месото исечете го на тенки шницли, па исчукајте ги со толчник и посолете. Секоја шницла пржете ја на малку масло, колку да добие боја, па извадете ги и во истото масло издинстајте ги печурките. Направете бешамел сос така што ќе го истопите путерот, во него ќе го пропржите брашното, ќе додадете млеко и кога ќе почне да врие ќе ја додадете и киселата павлака.

Огноотпорниот сад ќе го намачкате со маргарин и ќе го попрскате со презла, а потоа ќе редите еден ред бело месо, еден ред печурки, па бешамел сос. Повторете уште еден ред, па одозгора изрендајте кашкавал и ставете го во рерна да се запече.

Write A Comment