Art & Crafts

Ослободете се од дамките и пегите со овој природен рецепт од 2 состојки

Хиперпигментација е пореметување на бојата од кожата со карактеристични темни подрачја, поради зголемени количества од меланин, темниот пигмент на кожата.

Изложеноста на сончева светлина, бременоста, одредени болести, старост или траума можат да доведат до пореметување на меланинот и да се создадат неестетски темни дамки својствени за ова бенигно пореметување.

Точните причинители можеме да ги поделиме во две групи:

-внатрешни и

-надворешни.

Надворешните причинители можат да бидат оние кои доаѓаат од околината, како што се изложеност на сончеви зраци или поради хемиски соединенија (бетаксолол, миноциклин, естроген, прогестерон и сл.)

Внатрешните причинители се однесуваат на генетските предиспозиции- лицата со потемна кожа имаат поголема склоност кон развивање на ова пореметување.

Пегите, старачките дамки и сончевите дамки се предизвикани од штетните ултравиолетови сончеви зраци кои го оштетуваат меланинот и резултираат со привремена или трајна дисклорација. Често ваквите дамки можете да ги забележите на лицето и рацете, меѓутоа можат да се појават на било кој дел од кожата кој бил изложен на сонце.

Лузните од траума или операција можат исто така да предизвикаат промена на бојата на кожата, па дури и кога проблемот ќе биде отстранет, дамките остануваат.

Мелазма е хиперпигментација на кожата која се јавува за време на бременоста, иако понекогаш може да ги зафати и мажите. Ова пореметување обично и поминува само од себе после бременоста без да предизвикува поголеми проблеми.

ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА-РЕЦЕПТ

1.Земете 1 лажичка куркума во прав

2.Додадете 1 лажичка сок од лимон

3.Промешајте добро

4.Нанесете на зафатените подрачја

5.Оставете 15 минути да се исуши

6.Исперете со млака вода

Не се изложувајте на сонце најмалку 8-10 часа!

Повторувајте по еднаш секој ден, или доколку сте во можност (зимски период) и двапати дневно.

Искуствата велат дека овој едноставен лек навистина е ефикасен: лимонот има избелувачки својства, и го поттикнува лупењето на кожата, а куркумата, покрај избелувачкиот ефект, има противвоспалително својство и ја прави кожата посјајна.

Лицата со поосетлива кожа, можат да го растворат лимонот со малку вода или млеко.

 

Write A Comment