Дестинации

Романтичниот хотел-ресторан Grotta Palazzese

Италијанскиот ресторан Grotta Palazzese работи смо во лето, бидејќи се наоѓа во вистинска отворена пештера, која го “бакнува” морето.

Тука можете да поминете незаборавна летна вечер, уживајќи во топлиот воздух, пријатната музика и прекрасниот поглед  кон морското зајдисонце.

Хотел-ресторанот Grotta Palazzese е многу необичен бидејќи е направен во карпа. Во овој ресторан човек се чувствува како на брод, ги слуша ударите на брановите во карпите и си замислува патување во некоја далечна земја.

Пештерата, чие име го носи овој интересен хотел-ресторан, се наоѓа на 24 метри над морското ниво.

Write A Comment