Не секогаш мора да потрошите цело богатство со цел да се ослободите од несаканите појави на вашето лице и тело. Кога подобро ќе размислите, сите состојки кои ви требаат за успешно да се справите со овие непријатности, веќе ги имате во својот дом, само треба правилно да ги искомбинирате. Третманот со пареа е доста популарен со што ја омекнува кожата, ги отвора порите и ја чисти длабински од нечистотијата.
Најпрвин загрејте вода во поширок сад, додека водата зоврие вие убаво измијте го лицето со средтство за чистење, но не користете пилинг. Потоа убаво исплакнете за да не остане мрснотија или некоја нечистотија на вашата кожа. Откако водата е зовриена можете да ставите некои чаеви или масла, еве неколку што можат да ви помогнат во зависност од типот на вашата кожа:
Мрсна кожа: Лаванда, камилица, нане, зелен чај, парчиња од лимон итн.
Сува кожа: Камилица, лаванда, масло од роза, зелен чај
Комбинирана кожа: Лаванда, зелен чај, масло од чајно дрво
Чуствителна кожа: Камилица и лаванда.
Потоа земете крпа и подгответе се за третманот фатете ја косата убаво, а ако имате и шишки ставете венче. Наведнете се над водата и убаво покријте се за да не бега пареата надвор така парете го лицето 10-20 минути во зависност од тоа каква кожа имате, ако имате почуствителна подобро е помалку околу 10 минути. Откако ќе завршите со третманот убаво избришете го лицето со нежно тапкање, потоа ставете си маска на лицето најдобро е доколу имате природна или пак да ја направите сами во домашна услови. Исплакнете со млака вода за порите да се затворат и премачкајте го лицето со крем за хидратација така што вашето лице ќе биде меко и нежно обновено од нечистотиите.
