Само еден поглед кон фотографиите е доволен за да се сфати дека станува збор за навистина необична улица.
Имено, улицата Ломбард во Сан Франциско, благодарение на својот необичен изглед, прогласена е за најкривата улица во светот, пред се поради осумте остри кривини кои што истата ги содржи.
Овој необичен дизајн на улицата најпрво бил предложен од Карл Хенри во 1922 година, како единствено решение за да се намали острината на патот затоа што удолницата по која што би требало да се движат автомобилите, била премногу стрмна, а истата би била и премногу тешка за движење за пешаците.
Така, искривениот дел од патот е со должина од околу 400 метри и истиот е резервиран исклучиво за еднонасочен сообраќај кон исток. Ограничувањето на брзината во овој дел од патот е 8 километри на час.
Станува збор за вистинска атракција за туристите затоа што истата е несекојдневна глетка, па така, голем број на луѓе доаѓаат во Сан Франциско само за да го искусат возењето и пешачењето по овој дел од улицата.
Властите на градот се погрижиле истата дополнително да ја направат поатрактивна, па целата глетка, покрај необичниот изглед на самата улица, го надополнува и прекрасното зеленило и цвеќињата, како и патеките за пешаци од двете страни.















https://www.youtube.com/watch?v=dLcEeB-nLqE
