ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тестото:
* 250гр брашно
* едно лажиче прашок за пециво
* 100гр шеќер
* едно лажиче рендана кора од лимон
* 125гр путер
* 1 јајце
За филот:
* 1кг јаболка
* сок од лимон
* 145гр шеќер
* 2 пудинга од ванила
* ванилин шеќер
* 750мл сок од јаболко
* 400мл шлаг
* 50гр суво грозје
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте го брашното со пецивото, шеќерот, шеќерот од ванила и кората од лимон. Додадете го путерот и јајцето и се добро измешајте. Тестото во фолија ладете го 30 минути.
Калап со пречник од 26см подмачкајте го и со 2/3 од тестото обложете го дното. Од останатиот дел од тестото формирајте 4 сантиметри висока ивица и зацврстете ја за ивиците на калапот.
Јаболаката излупете ги и ситно исецкајте ги. Измешајте ги со сокот од лимон и 3 лажици шеќер. Веднаш распоредете ги врз тестото.
Рерната загрејте ја на 170 степени. Сварете ги пудинзите со 100гр шеќер, ванилин шеќер и јаболков сок (наместо млеко). Врелата смеса веднаш ставете ја врз јаболката и посипете со суво грозје. Печете 50-60 минути, извадете и оставете да се лади во калапот.
Пред сервирање извадете ја торатата од калапот, премачкајте ја со шлаг.
Украсете ја со бадеми.
