Глината е чудо, кое се користи уште пред илјадници години. Моќта на глината е потврдена од сите врвни дерматолози, затоа нема причина зошто не би ја пробале оваа маска за лице.
Препораката на сите дерматолози е маската од глина да се користи навечер. Тогаш кога порите ќе бидат отворени и ќе може да диши слободно кожата и да ги прими сите корисни состојки од глината.
Измешајте една лажица глина со една лажица лимонов сок и неколку капки бадемово масло. Убаво измешајте ја смесата за да се изедначи. Нанесете ја на лицето и вратот и оставете да се исуши убаво. Кога ќе почувствувате затегање на целата кожа, кога маската ќе биде сува измијате се со млака вода. Веднаш по овој третман ставете бадемово масло или кокосово масло. Глината може да ја извлече целата маснотија од кожата, па затоа ставете некое масло за да немате непријатно чувство на затегнатост. Оваа маска направете ја пред спиење.
