ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 лажици сок од лимон
* 2 лажици лути пиперки сецкани
* 5 лажици коријандер свеж
* 800 гр. домати од конзерва пелати
* 1/2 лажичка сол
* 1/2 главица кромид црвен
* 1 чешне лук
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги во блендер кромидот, лукот, коријандерот, лутите пиперчиња и сол. Потоа додадете го доматите од конзерва исцедени од течноста и матете уште малку. Додадете во макалото 2 лажици сок од лимон. Можете да додадете и уште малку сол по вкус.
Послужете го макалото со чипс по ваш избор.
