Дестинации

Nhow Berlin – музички хотел во срцето на Берлин

Првиот музички хотел во Европа се наоѓа во Берлин. До брегот на реката Шпрее е создадена мешавина на музика, мода, креативност и начин на живот каков што нема никаде во Европа. Nhow Berlin е оригинален и афирмиран хотел.

Таму се се врти околу музиката. Во Nhow Berlin нудат две професионални музички студија. Веројатно е единствениот хотел кој ја задоволува современата музичка индустрија со студио во кое може да снимате и со повеќе простории за проби.

Собите за гостите се опремени со најдобрите стереа и специјални душеци.

Доколку побарате, послугата во Nhow ќе ви донесе гитари и клавијатури. Сето тоа е дел од услугата. Униформите на персоналот се дизајнирани од познати модни дизајнери.

Во хотелот достапни се и може да ги купите некои од најновите музички гаџети.

Свирките и забавите се случуваат на покривот на Nhow. Во барот во хотелот се служат уникатни коктели, а има и “вечер на отворен микрофон”, кога секој што сака може да пее.

nhow-berlin2

nhow-berlin3

nhow-berlin4

nhow-berlin5

nhow-berlin6

nhow-berlin7

nhow-berlin8

nhow-berlin9

nhow-berlin10

nhow-berlin11

nhow-berlin12

nhow-berlin13

 

Write A Comment