Мојата кујна

Штангли со мед и ореви

ПОТРЕБНИ СОТОЈКИ:

За тестото :

* 200 гр. омекнат путер

* 2/3 од чаша кафеав шеќер

* чаша и пол брашно

* 1/2 лажичка сол

За филот :

* 100 гр. путер

* 1 чаша кафеав шеќер

* 1/3 чаша мед

* 2 лажици слатка павлака

* 2 чаши сецкани ореви

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги со миксер путерот со кафеавиот шеќер, а потоа додадете ги брашното и солта. Убаво измешајте. Смесата треба да биде ронлива. Во тавата за печење ставете фолија и распоредете ја смесата внатре и убаво притиснете ја.

stangli3

Ставете да се печи на 150º околу 20 минути или додека не добие светло златна боја.

За да го направите филот измешајте ги путерот, кафеавиот шеќер, медот и павлаката на средна топлина. Додадете ги сецканите ореви.

Извадете ја тавата од рерната и веднаш ставете го филот врз тестото и покријте го цело.Вратете ја тавата во рерна и печете дополнителни 20 минути.

stanhli2

Откако ќе се испечат штанглите, оставете ги накратко да се оладат, а потоа тргнете ги од тавата со помош на фолијата и исечете ги на коцки.

stangli4

 

Write A Comment