Мојата кујна

Десерт за 20 минути: Бисквит торта со капучино

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500-550гр бисквити со путер

* 50гр капучино во прав

* 2,5дл млеко

* 3 јајца

* 6 лажици шеќер

* 5дл слатка павлака

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Убаво изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ја слатката павлака и продолжете да матите додека не се направи цврст фил.

Прашокот од капучино полиете го со врело млеко. Бисквитите потопувајте ги во мелкото и редете ги на тацна. Премачкајте ги со филот, па ставете нов ред бисквити. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите бисквитите и филот.

Последниот слој нека биде фил и тогаш исфилувајте ја целата торта. Можете да украсите со чоколадо.

Write A Comment