Motherhood

8 Знаци кои укажуваат дека сте спремни за бебе

Дали сте спремни за бебе? Дали има некои сигурни знаци, преку кои се препознава дали сте спремни? Па, еве го одговорот, доколку се препознаете во редовите кои следуваат, можеби треба да решите да станете родител! Еве ја листата, внимателно следете не!

1.    Емоционална стабилност

Родителството е тешка задача. Да се борите да го живеете својот живот, кариера и работа, а да чувате дете , е навистина многу тежок залак. Затоа е најважна емоционална зрелост…Со добар и изграден карактер ќе имате трпение за предизвиците кои стојат пред вас…

2.    Сигурно обезбеден дом

Децата имаат потреба за сигурност и имаат потреба за засолниште каде што ќе се чувствуваат заштитени и сакани. И околината каде што детето живее, мора да биде сигурна и ќе му овозможува безбедност и среќна иднина. Затоа,  ова прашање планирајте го и решавајте го однапред.

3.    Стабилни односи

Да се има два родитела е многу важно, но не секогаш така. Некои врски и бракови брзо се распаѓаат. Но за здраво детство, најважно е да се одржуваат врските помеѓу детето и двата родитела.

4.    Сигурни финансии

Ова е сигурен знак дека сте спремни за бебе. Бебињата чинат многу, и тоа треба да се знае…Затоа не се колебајте доколку овој проблем а и горенаведените не ви се проблем…

 5.    Минимална забава

Не може да се објасни со зборови, од што се треба човек да се откаже во однос на својата слобода а и од забавата меѓу партнерите, кога станува збор за бебето. Се менува целосниот ритам на животот, а секоја можна наша секунда време повеќе не е наша, туку на нашето новороденче. Целото внимание, мораме да му го поклониме, нему…Затоа времето за забава мора да биде сведено на минимум.

6.    Систем за поддршка

Доколку имате кој да ви помогне, тоа ќе биде големо олеснување. Обврските се огромни, а времето прекратко. Кој ќе биде бебиситер? Овие прашања ќе морате да си ги поставите, за да си ја предвидите состојбата во која ќе морате да бидете ефикасни.

7.    Да нема семејни сцени

Секое семејство има драма, кога доаѓа новороденче на свет. Доколку вашата мајка биде таа која ќе ви помага, осигурајте се во вашиот однос со неа. За да немате нерасчистени сметки и препирки, пред бебето. А голем плус е доколку сте во добри односи со родителите на таткото на бебето.

 8.    Психичка зрелост

Најтешки се првите месеци, од раѓањето на бебето. Непроспиени ноќи, ритам кој ке ги измеша денот и ноќта, навистина потребна ќе ви биде сила за ова.

Па, идни мајки, ви препорачуваме да ја прегледате оваа листа и задолжително да се преиспитате себе си пред да се решите на било каков чекор , околу ова прашање!!! Со среќа!!!

Write A Comment