Античкиот град Матера во Италија е домот на голем број длабоки пештери кои биле употребувани со милениуми, а целиот предел е заштитен од УНЕСКО. Помеѓу овие пештери сега се наоѓа хотелот „Corte San Pietro“, кој им овозможува на гостите да уживаат во едно несекојдневно искуство.
Целиот хотел е фузија помеѓу природното и модерното. Мебелот во хотелот е едноставен и префинет, давајќи им визуелен акцент на камените делови во собите. Во хотелот се чувствува спојот на античкото и модерното, а посетителите на југот на Италија, задолжително мораат да поминат од тука. Една ноќ во овој хотел би ве чинела 170 американски долари.













