ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500 г гравче
* 2 моркова
* 1 пашканат
* 1 главица кромид
* 4 чешниња лук
* 500 г димени ребра
* 500 г пелати домати
* малку сол, масло, нане
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад, ставете го гравчето, еден пашканат, 2 моркова, 1 главица кромид, 4 чешниња лук и 500 гр димени ребра. Оставете ги заедно да се варат.
Кога е до пола варено, префрлете ја смесата во земјена тава, добро распоредете ја, по потреба додадете вода и на крај ставете 500 мл домати пелати од конзерва.
Зачинете со нане, сол, масло за готвење и оставете го гравчето да се допече во релна на 230 степени. Може да го оставете да биде и по чорбесто, во зависност од тоа како го сакате. Бон апетит.
