Овој напиток е одлично средство за исфрлање вишок сол и талози од организмот. Ја подобрува работната способност на организмот, ја чисти крвта, го јакне имунитетот, крвните садови и работата на срцето.
Исто така, ги отстранува вишокот маснотии и го подобрува метаболизмот. Помага при женски болести и воспаленија.
Како се подготвува овој напиток?
Во стаклена тегла ставете 12 чешниња лук, секое чешне пресечено на 4 дела.
Прелијте со ½ литар црно вино.
Затворете и оставете на сончево место, покрај прозор, 2 недели.
Секој ден размешувајте по 2-3 пати.
По две недели процедете и складирајте во темно шише.
Чувајте во фрижидер.
Употреба: трипати дневно по 1 кафена лажичка, во текот на 1 месец. Терапијата може да се повтори по 6 месеци.
Се верува дека лукот ги убива патогените предизвикувачи на многу опасни инфективни заболувања и истовремено ја зголемува отпорноста на организмот кон патогените микроорганизми. Користа од белиот лук за превенција од кардиоваскуларни болести е поврзана со неговата способност за елиминација на лошиот холестерол.
Покрај тоа, лукот помага и при хипертензија: ги шири крвните садови што допринесува за намалување на крвниот притисок.
