ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 поголеми компири
* 1 кромид
* 4 јајца
* 3-4 чешниња лук
* 100 г кашкавал (рендан)
* 2-3 млади кромидчиња
* 2 супени лажици маслиново масло
* малку сол и црн пипер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Дорбо измијте ги компирите (не ги лупете), избоцкајте ги со вилушка и ставете ги директно на решетката да се печат околу 40 минути.
Во тавче на загреано масло испржете ги ситно исечканиот кромид и лук додека не омекнат (околу 5 минути).
Кога компирите малку ќе се оладат, пресечете ги по должина, и со лажица извадете ја средината, ама оставете околу 5-6 мм заедно со кората. Додадете ја средината заедно со кашкавалот во тавчето со кромид и лук, зачинете со сол и црн пипер и измешајте добро.
Наредете ги компирите во тавче на хартија за печење и наполнете ги со смесата, но оставете место за јајцето. Испрскајте малку со ситно исечкано младо кромидче и во секој компир додадете едно јајце.
Печете на 200 степени уште 15-тина минути, или додека белката на јајцето не биде готова (жолчката ќе биде малку течна).
