Дестинации

Луксузен хотел на 155 метри под земја

Смачено Ви е од разните хотели кои си личат еден на друг како јајце на јајце? Или пак сакате да избегате од светот некаде каде што никој нема да може да Ве најде? Имаме предлог за Вас. Појдете во „најдлабокиот“ хотел на светот којшто се наоѓа во Шведска.

Хотелот, односно апартманот, се наоѓа во стар рудник за средбро од 15-от век и спалната соба е 155 метри под површината на земјата.

Луксузен подземен хотел 155 мети под земја

Тунелите на рудникот Сала се користеле до 1908 година, а денес во нив има музеј, театар, две прекрасни трпезарии и апартман за двајца. Кога ќе пристигнете, прво Ве носат на тура низ рудникот за да можете потоа сами да се снајдете, бидејќи навечер под земја останувате сами. Персоналот е сместен во зграда на површината.

Луксузен подземен хотел 155 мети под земја

Ако во ноќта морате да појдете до тоалетот, ќе морате да се качите 50 метри нагоре каде што се наоѓа најблискиот тоалет. Исто така, треба да имате предвид дека во рудникот нема воопшто да имате сигнал за мобилниот телефон.

Доколку Ве заинтригира оваа „понуда“ треба да знаете дека една ноќ во подземниот хотел ќе Ве чини неверојатни 580 долари!

Луксузен подземен хотел 155 мети под земја

Write A Comment