Motherhood

Зависноста од таблет е штетна по здравјето на децата

Едно неодамнешно истражување покажало дека бебињата и малите деца кои секојдневно играат игри на својот таблет, имаат понеразвиени вербални способности отколку нивните врсници.

Здружението на наставници и предавачи во Велика Британија, ги предупредува родителите дека е сѐ поголем бројот на деца кои немаат моторни вештини за извршување на едноставни задачи.

За ова предупредување се разговараше на седницата на Здружението во Манчестер. На седницата, главна точка беше штетата која ја предизвикува таблетот. Децата со прекумерното користење на таблет се изложуваат на проблеми како повлекување, губење на интерес, раздразливост, слаба концентрација и губење на образовни можности.

Колин Кини, наставник од Северна Ирска, еден од предлагачите на седницата, рече: „Јас сум разговарал со голем број на наставници кои се загрижени на сѐ поголемиот број на деца кои имаат „вештини“ за користење на таблет, а имаат малку или воопшто вештини за едноставни, секојдневни работи. Или пак, ученици кои не се социјализираат со други ученици, но нивните родители гордо велат дека нивните деца знаат да ракуваат со таблет или со некој друг апарат. “

Според Здружението, и постарите деца, исто така се изложени на проблеми, бидејќи поради нивното преголемо изложување на екран, тие немаат доволно добра меморија.

Write A Comment