Секоја идна невеста која ќе се одлучи за фустан со голи раменици, подоцна ќе свати дека и е потребна и наметка со која ќе ги прекрие рамениците, бидејќи таков е обичајот – со голи раменици да не се влегува во црква.
И наместо да извлечете од шкафот некоја бела марама која ќе ја има таа улога, ние предлагаме неколку тренди наметки кои можете да ги носите и во остатокот од свадбената прослава, а кои целосно ќе го променат вашиот изглед.
Наметката може да биде долга или кратка, едноставна или тренди, но во секој случај ќе биде впечатлива. Еве неколку наши предлози:



