Дестинација од важно историско значење која навистина вреди да се посети.
Ѕидот на плачот или Западниот ѕид претставува ѕид од времето на Вториот Храм на Соломон во Ерусалим и се смета за најсвето место во јудеизмот.
Според Библијата, храмот на Соломон бил изграден околу десет века пред Исус Христос и бил разрушен од страна на вавилонците во 586-та година п.н.е., а Вториот Храм бил изграден во 516-та година, од страна на кралот на Соломон, син на големиот Давид.
Но денешниот изглед на западниот ѕид произлегува од времето на Ирод Велики, кој изградил огромни потпорни ѕидови околу храмот.
По разрушувањето на Вториот Храм од страна на римјаните во првиот век, Ѕидот на плачот е единствената структура која останала од него.
Според исламската религија тоа место е свето бидејќи тие Соломон го сметаат за свет пророк, а исто така сметаат и дека Мухамед дошол тука со цел подоцна од ова место да воскресне.
Во секое време кај него може да се видат верници коишто се молат, некои од нив си ја удираат главата во камените на ѕидот, а повеќето меѓу отворите од ѕидот оставаат напишани ливчиња со нивни желби и молби.






