Доколку потрошената вреќичка од чај немате навика да ја ставите на очи по искористувањето, имаме за вас еден навистина многу добар начин за поинаква употреба. Направете од неа – пилинг!
Ако сакате да пиете зелен чај, знајте дека од него можете да направите совршен пилинг кој ќе ги отстрани мртвите клетки, ќе ги исчисти порите и ќе ја исполира вашата кожа.
Откако ќе го испиете чајот, содржината од вреќичката истурете ја во еден сад, додадете лажиче мед и се добро измешајте. Ова е основен пилинг кој може да го користите на лицето, но и како пилинг за тело. Но, ако сакате да се ослободите од лузните или темните дамки на лицето, додадете малку брашно од ориз.
Ваквата смеса добро втријте ја на лицето, оставете да отстои пет минути и потоа исплакнете ја.
