ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 450 г интегрално брашно
* 1 лажица сол
* 2 лажица прашок за пециво
* 150 г крем сирење
* 250 мл вода (млака)
* 1 јајце (за премачкување)
* 1 лажичка ким
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во поголем пластичен сад измешајте го брашното, солта, ким и прашокот за пециво. Додадете го и крем сирењето и мешајте постепено додавајќи млака вода. Месете го тестото се додека не стане компактно.
Од тестото формирајте топка, па исечете го на мали делчиња и направете убави идентични топчиња.
Топчињата префрлете ги на хартија за печење. Премачкајте ги со изматете јајце и со нож засечете ги.
Печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 12 do 15 минути и потоа намалете на 190 степени и печете уште околу 7 до 8 минути или се додека не добијат фина златно кафена боја.
