Американски експерти од универзитетот во Јута стигнале до заклучок дека жените кои родиле во четвртата деценија од својот живот или покасно живеат подолго од оние кои станале мајки на рани години.
Според авторите на оваа студија, присуството на женски роднини во семејното стестебло кои родиле после 40-ет годишна возраст, крие во себе генетска предност за подолг живот, што се предава по наследство.
За дефинирање на конкретни шанси за подолг живот треба да се утврди колку жени во родот имале ваква „касна“ бременост.
Ваквите аргументи на експертите се базираат на демографски и медицински основи собрани после информацијата добиена од анкетата спроведена над 1,6 милиони души.
Биле анализирани и историски документи за 400 илјади жители на Квебек во периодот од 1608 до 1850 –та година.
Експертите по генетика сметаат дека раќањето на дете после 40-ет годишна возраст ги намалува со 20% шансите од предвремена смрт.
Покасното настапување на менопауза и способноста за зачнување во зрела возраст се асоцира со добрата здравствена состојба и долг живот.
Авторите на истражувањето веруваат дека должината на животот се одредува не само од начинот на живот, но и од генетските фактори, а темата што денес ја разгледавме дефинитивно има некакво влијание. Меѓутоа сеуште не е доволно разјаснето како касното раѓање влијае врз должината на животот.
