Градот Џајпур попознат како Розевиот град е главен град, а воедно и најголем на индиската држава Раџастан.
Основана е на 18-ти Ноември 1727 од страна на Махараџа Саваи Џај Синг Втори.
Климата е полупустинска, температурите се високи во текот на целата година, а врнежи од дожд има само во јуни и септември.
Ве запознавме со овој прекрасен град, а сега мислам дека е време да ви го претставиме Кралскиот Хотел Рамбаг Палас.
Рамбаг Палас е доста познат хотел по својата богата историја.
Бил дом на Кралското семејство повеќе од два века, а изграден е по желбите на кралицата.
Подоцна е реновиран во Кралски хотел за гости, па станува дом на Махараџа и на крај истиот Махараџа го претвора во луксузен хотел.
Го обезбедил со послуга на највисоко ниво и самиот основач раскажува: Сакам да им овозможам на посетителите тие денови кои ги одвоиле за одмор и допатувале до нашето кралство да се почувствуваат како вистински кралеви.
Гостопримливоста и уживање во кралскиот начин на живот се одлики на овој хотел.










