Ливрариа Лело, книжарница во португалскиот град Порто е место кое ќе го засакаат и оние кои не обожаваат многу да читаат.Бајковитата архитектура и дизајнот на внатрешниот простор го надополнува љубезниот сопственик, кој пронаоѓа книга за сечиј вкус.
Во оваа книжарница, книгите се продаваат од 1906. Но, покрај одличниот огромен избор на: португалски, француски и англиски, тука е и ентериерот кој ги мами сите да ѕирнат во внатрешноста.
Чудесните скали, насликаното стакло, изрезбани полици и неоготичките детали уште повеќе го зголемуваат ефектот. Еден од сопствениците, Антеро Брага, е љубител на книжевноста и ќе ви помогне да пронајдете книга дури ако немате поим што сакате да читате.
Просторот е дизајн на Хавиер Естевез, кој инспириран од париските “Galleries Lafayette” направил необично заоблени скали. Раскошно декорираниот простор е пример за португалскиот електизам, со убаво вклопени елементи.



