Убавина

Маска против акни на база на аспирин

Пред  да одлучите да потрошите пари за разни препарати против акни, обидете се со оваа необична маска.

Потребно ви е:

7 аспирина

Малку вода

Една лажица мед

Подготовка:

Аспиринот направете го во ситен прав и потоа измешајте го со малку вода, додека да добиете густа смеса како паста. Во добиената смеса додадете една лажица мед и добро измешајте.

Како да ја примените:

Лицето темелно исчистете го со вообичаено средство за чистење, би било добро кога би можеле да направите пилинг и така кожата да ја припремите за нанесување на маската. Рамномерно нанесетеја  маската на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите и устата. Оставете да делува 10-15 минути и потоа  добро измијте ја.

Write A Comment