Убавина

Домашна пена за бричење идеална за бикини зоната

Црвенило, иритација, чешање по средување на влакненцата на местото на бикини зоната се честа последица од депилирањето со пена за бричење. Доколку ве мачи осетлива кожа ви предлагаме само да си направите пена за бричење која содржи состојки чиј рок на употреба е неограничен.

Базата на пената за бичење, идеална за местото кај бикини зоната, ја сочинуваат природни масла кои на кожата и даваат мекост како што тоа е случај со сусамовото, маслиновото, маслото од јојоба или бадемово масло.

Втората важна состојка кокосовото масло на оваа пена ќе и подари пријатен мирис, а покрај тоа ваквата депилација ја штити кожата од сушење. Неизоставна состојка е и алое верата која на кожата делува смирувачки и анти воспалително.

Состојки на пената за бричење

Половина чаша  масло од јојоба или бадемово масло

7-8 мали лажички кокосово масло

Пола чаша алое вера гел

Пола чаша природен течен сапун

4 мали лажички сода бикарбона

Неколки капки етерично масло од лимон или лаванда

Подготовка:

Во еден сад ставете масло и кокосово масло и мешајте на умерена температура на шпоретот се додека смесата не проврие.

Потоа во врелата смеса додавајте постепено алое вера гел, течен сапун и сода бикарбона, сето тоа со постојано мешање.

На крајот капнете неколку капки етерично масло и додека смесата е топла ставете ја во  стаклена тегла, затворете ја херметички и чувајте ја на собна температура.

Рокот на употреба е неограничен.

 

 

Write A Comment